Видео-спотови од прошталниот концерт за Аки Рахимовски на Јутуб

Written by on септември 22, 2022

Откако групата „Парни ваљак“ летово објави албум од мартовскиот концерт во чест на фронтменот Аки Рахимовски (1955-2022), деновиве на нивниот канал на Јутуб се поставени и видеа од овој незаборавен концерт. Според најавата од „Парни ваљак“, видеата од концертот, насловен „Доволно е да се рече… Аки“, ќе може да се видат и на другите стриминг-платформи.

Албумот содржи снимки од мартовскиот концерт одржан во распродадената Арена Загреб во чест на пејачот Аки Рахимовски, кој почина на 22 јануари оваа година. При објавувањето на албумот, гитаристот Хусеин Хасанефендиќ Хус најави на својата ФБ страница и скоро појавување на блуреј и двојно цеде издание на албумот со 30 песни, кои ги изведоа членовите на групата и пријателите: Кики Рахимовски, Масимо Савиќ, Нина Бадриќ, Дино Јелусиќ, Бајага, Нено Белан и др.

Аки Рахимовски беше во „Парни ваљак“ од основањето на групата во 1975 и сними бројни албуми и песни кои се врежани во колективната меморија на некогашната екс-ју музичка сцена. Видео-спотовите од мартовскиот концерт, објавувани деновиве, ги пренесуваат речиси видливите емоции на публиката и изведувачите на овој незаборавен концерт за збогување со неповторливиот Аки.


Current track

Title

Artist