Вакцинираните Македонци направија журка во Врање

Written by on мај 6, 2021

Билборди со благодарност за Србија поставија македонските граѓани, кои преку здружението за македонско-српско пријателство „Спона“ се вакцинираа против ковид 19 во Врање. На денот на нивната ревакцинација викендов тие изведоа и мал перформанс во знак на благодарност, кој, меѓу другото, ја вклучи и изведбата на неизбежната „На Велигден“ на Џина Папас Џокси.

Преку 200 македонски граѓани викендов ја примија втората вакцина во Спортската сала во Врање, подарувајки им на присутните новинари, граѓани и здравствени работници – беџови и маици со напис „Благодариме, Србија“, чоколадни бомбони и други мали подароци, како ситна благодарност за големиот хуман гест на Србија.

Повеќе од 10 илајди граѓани на Македонија се вакцинираа во Србија, а преку Здруженеито „Спона“ во неколку наврати во Врање се вакцинираа околу 800 граѓани.


[There are no radio stations in the database]