Брајан Адамс ја воодушеви публиката!
Written by Р.Б. on ноември 14, 2019
Канадскиот рокер Брајан Адамс, синоќа ја крена на нозе публиката во А1 Арената.
Тој и уште само четири музичари на сцената, имаа концерт за кој ќе се зборува уште долго.
Во неколкуилјадната публика имаше фанови од сите генерации, кои не се штедеа да ги пеат на глас добро познатите хитови.
“Здраво, јас сум Брајан и првпат сум во Македонија. Затоа што доаѓам првпат имам многу песни да ви испеам. Имате време? Не сте на работа сабајле? Јас имам 14 албуми, ако имате време да ги слушате,” рече Адамс и побара да го запалат светлото во салата за да ја види публиката.
Овааа негова прва средба со македонската публика ќе се памети по многу нешта. Енергичен рокер кој умее да ја долови и емоцијата во баладите – да, тоа е Брајан Адамс, кој беше вистинско задоволство да се слуша во живо.