Бојана со новата песна ќе го освојува регионот!
Written by Р.Б. on јуни 1, 2022
Бојана Скендеровски ја промовираше својата нова песна „Среќа и несреќа“.
Песната е во продукција „Скендеровски“, снимена на македонски и на српски јазик.

Комплетен автор на песната „Среќа и несреќа“ е Саша Милошевиќ-Маре, а препевот на текстот на македонски јазик е на Огнен Неделковски.
За новата песна Бојана сними и видеоспот под режисерската палка на Били Д, а истиот се снимаше на неколку локации.