Босанската вселенска агенција ги лансираше момците од „Дубиоза колектив“ на месечината

Written by on мај 27, 2021

Босанската вселенска агенција (БОСА), чие постоење досега е негирано од владините претставници, ги лансираше првите астронаути во вселената! Астронаути се членовите на ексцентричната група „Дубиоза колектив“, кои во првото обраќање до јавноста, истакнаа: „Ова беше мал чекор за човештвото, но огромен скок за босанскиот народ“.

БОСА е вистинска агенција, но само во новото музичко видео на Дубиоза колектив за песната “SPACE SONG“ од нивниот најнов албум #fakenews, издаден од Менарт Рекордс. На песната како специјален гостин се појавува и Earl Sixteen од легендарниот бенд Dreadzone.

За оваа нестварна мисија, членовите на бендот Дубиоза Колектив изјавија:

-Развојот на вселенската програма бара повеќегодишна напорна работа и огромни пари што ги немаме во Босна и Херцеговина. Затоа, Босанската вселенска агенција во изминатиот период се фокусираше на усовршување на масовното производство на халуциногени „Space Cookies“, со цел секој да може да патува евтино и безбедно во вселената и назад”.

Имаат во „Дубиоза“ и друга аргументација за оваа мисија од типот „верувале или не“.

-Многу луѓе веруваат дека впрочем никој не слетал на Месечината и дека мисиите на „Аполо“ биле исценирани. Нашата вселенска програма го зеде предвид овој факт и ги заштеди парите и ресурсите на даночните обврзници. Зошто да работиме напорно за да ги испратиме луѓето на Месечината, кога половина од нив и онака не веруваат дека сме биле таму?“


[There are no radio stations in the database]