Борис Новковиќ за новиот албум „Гори улица“: Тоа се пораки за љубов и надеж

Written by on ноември 30, 2021

Шест од 12-те песни на новиот албум „Гори улица“ на Борис Новковиќ веќе беа објавени изминативе 10-ина месеци како синглови и со убавиот прием кај пошироката регионална публика – најавија хит-албум, достоен за 35-годишнината од појавувањето на неговиот прв албум „Куда иду изгубљене девојке“.

– Во тие 35 години мора да сум бил луд сето тоа да го издржам, не знам колку километри сум минал, не знам колку пати сум возел цела ноќ, не било лесно, ама кога си млад одиш и не размислуваш. Сигурно имало многу одрекувања, но останав свој – вели Новковиќ во интервју за Радио Бубамара, снимено по повод излегувањето на новиот албум.

Од албумот „Гори улица“ е многу задоволен.

-Дури сега ми се чини дека успеав да ја најдам таа формула како песните да се различни, да не се повторуваат, а целиот албум да има своја доследност и усогласеност – вели хрватскиот пејач и кантавтор.

Песните се работени во времето на пандемијата, авторот на музиката и текстот е Новковиќ, а продукцијата е на Хрвоје Прскало. Овој албум има некоја очигледна новоослободена рок-енергија во себе, за која Борис вели дека од секогаш ја имал како некој џејмсдиновски бунт и немир, кој според неговото разбирање, го водел до слободата во создавањето и во животот.

-Песните имаат љубовна тематика, но таму нема осуда, страдање, префрлање, туку само позитивни пораки на љубов и надеж, кои во овој момент на сите ни се неопходни и кои на некој начин ја допираат стварноста за човештвото, на нашите семјетва, пријатели и соседи – вели Новковиќ.

Како настанаа „Гори улица“, „Динамит“, „Мојата девојка“, „Пун месец, ти и ја“ и другите хит-песни од новиот албум, какви беа тие 35 години од појавувањето на „Куда иду изгубљене девојке“ и како е денес – слушајте во ексклузивното интервју на Борис Новковиќ за Радио Бубамара, кое ќе биде емитувано во среда, 1 декември во 16,30.


[There are no radio stations in the database]