„Божиќна“ е новата песна на Трио Џентлмен
Written by Р.Б. on јануари 9, 2020
По повод новогодишните и божиќните празници, „Трио Џентлмен“ ја издаде својата нова песна насловена како „Божиќна“.
Инаку, триото кое е составено од професионалните оперски пејачи: Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Јане Дунимагловски – тенор, за новата песна соработуваше со Миле Наумоски кој ја напиша музиката, аранжманот е на Сашо Спасовски, додека текстот го напиша Марина Лотеска.
„Божиќна“, доби и видео запис, а за екранизацијата се погрижи продукцијата „Дел Рио Филмс“, на чело со режисерот Александар Николоски, Небојша Петрески (директор на фотографијата) и Александар Нешковски (снимател).
Во изведбата на новиот сингл учествува и детскиот хор составен од: Камелија Стоев, Стефанија Стоев, Даријан Симјановски, Дороте Симјановска, Деница Симјановска, Андреа Гроздановска, Теодор Божиков, Меланија Василева, Ина Димитровска, Илина Николовска и Јована Николовска и диригентот на хорот Весна Симјаноска.