Божикните девојки пејат празнични стандарди во акапела верзија
Written by Р.Б. on декември 27, 2021
Во празничната сезона на подарување, Сара Мејс и Божикните девојки (Sarah Mace & the Christmas Girls) на домашната публика и го подарија албумот „Acappella Christmas Carols“.
Сара Мејс, Полина Тасева, Калина Велковска, Теа Богатинова и Емилија Колоска во студиото „Алшар“ снимија албум со 8 празнични стандарди во акапела верзија. Албумот го најавија со новата изведба на познатиот хит „Santa Claus is coming to town“ во оригинална преработка и во аранжман е на Теа Богатинова.
Другите песни од албумот „Acappella Christmas Carols“ ќе бидат објавувани деновиве, до крајот на годината.
Квинтетот „Christmas Girls“, покрај Сара Мејс, вклучува уште четири девојки кои се моментно најактуелни интерпретаторки на џез музика – Калина Велковска, Полина Тасева, Теа Богатинова и Емилија Колоска. Овие пет девојки, на 29 декември ќе настапат и на Новогодишниот концерт на Биг бенд оркестарот на Здружението на џез-музичари и Македонската филхармонија, насловен „Jazz Nutcracker“ со џез –интерпретации на музиката од класичниот новогодишен балет „Оревокршачка“ на Чајковски.