Бебек сениор и Бебек јуниор во една песна
Written by Р.Б. on јуни 18, 2021
Oткако ги освои регионалните радио станици со најавниот сингл „Kupit ću nam sat“, легендарниот рокер Жељко Бебек го промовираше и новиот албум „Mali oblak ljubavi“, на кој работел во изминативе 15 пандемиски месеци. Се надевал, вели, на успехот на песната „Kupit ću nam sat“, но очекува и целиот албум исто така добро да биде примен од публиката.
На новиот албум прв пат како пејач се испробува и Бебековиот син, Звонимир, кој и досега беше познат како гитарист, а сега се претставува и вокално. Бебек, сениор и јуниор, ја отпееа заедно песната со симболично име „Kakav otac, takav sin“.
-Прв пат пеам со мојот син и многу сум среќен поради тоа. Летово ќе се појави и видео, се надевам на задоволство на сите, кои исчекуваат да слушнат и да видат како изгледаат таткото и синот заедно пеејки „Kakav otac, takav sin“, вели Бебек.
Звонимир е во бендот на Жељко веќе три години како гитарист, а таткото очекува дека синот наскоро ќе преземе нешто повеќе и на вокален план.