БАРАМ ЗБОРОВИ, АМА НЕ ОДИ, ПРЕРАНО ЗАМИНА: Познатите со емотивни зборови се простуваат од Миша Алексиќ!😢
Written by Р.Б. on ноември 29, 2020
R.I.P.
Гитаристот од рок групата „Рибља Чорба“, Миросалав Миша Алексиќ, почина на 67-годишна возраст.😢
Легендарниот басист ја изгуби битката со корона вирусот😔
Пријателите и колегите скршени поради неговото прерано заминување, се огласија на социјалните мрежи со емотивни зборови.
БРАТ ШОМИ, НЕКА ТИ Е ЛЕСНА ЗЕМЈАТА: Бора и сите членови на Рибјља Чорба очајни поради прераното заминување на Миша Алексиќ, очајни поради огромната загубата на долгогодишниот пријател и колега, на официјалната страница на Рибља Чорба се простија од Миша.
“Драги пријатели, НАШИОТ БРАТ Миша Алексиќ нè напушти утрово. И тој и лекарите од КБЦ Бежаниска Коса се бореа до крај. За жал, се случи најлошото. Миша е еден од основачите на Рибља Чорба и целиот свој живот му го посвети на бендот. Шоми брат, црната земја нека ти биде лесна. Очајни: Бора, Вицко, Џинџер, Никола, Јоца, Бане, Мишец, Ивке, Иса, Јаичи …
Во оваа тажна пригода се огласи и неговиот пријател и кум Момчило Бајагиќ Бајага.
“Мишо, мој драг куме, знаев дека последните неколку дена беа навистина лоши за тебе, но се надевав дека ќе успееш да се извлечеш. За жал, не успеа. Бевме колеги во групата, цимери во собата, кумови во животот. Твоето заминување е страшна загуба за твоето семејство, за бендот и колегите, за нашата рок музика и за сите нас кои те сакавме многу. Почивај во мир куме “, напиша тој на својот Фејсбук
Ненад Милосављевиќ, Неша Галија, исто така се огласи по повод смртта на басистот на „Рибља Чорба“, Миша Алексиќ:
“Го споделувавме истиот музички пат повеќе од четири децении. Миша беше одличен музичар, добар човек и голем борец. Токму затоа што беше голем борец, се надевав дека ќе ја добие и оваа битка. За жал, тој изгуби. Огромна загуба за неговото семејство, за Рибља Чорба и за целата наша рокенрол сцена “, изјави Неша Галија.