Баладата „Не одлазиш“ за новиот албум на Сергеј Ќетковиќ!
Written by Р.Б. on јуни 1, 2022
Во пресрет на летото, Сергеј Ќетковиќ, ја израдува својата публика со нова песна, вториот сингл од седмиот студиски албум „Кофер“, кој се очекува оваа есен да го здогледа светлото на денот.
По истоимената, најавна песна од албумот, која ја објави минатата година, со малку поинаков музички и авторски израз, Сергеј овој пат се претставува со нова љубовна балада со наслов „Не одлазиш“, која дефинитивно е една од неговите најубави песни.

Од таа причина, Ќетковиќ реши да и даде предност на песната и спотот го сними во минималистичка, речиси камерна атмосфера, со многу емоции и симболика, но сепак внимаваше видеото премногу да не го одвлекува вниманието од одличните стихови, музиката, исклучителната продукција и аранжманот. Автор на текстот и музиката е самиот Сергеј, а за аранжманот беше задолжен Махир Сарихоџиќ.