Ареа со нова песна го најави шестиот албум

Written by on мај 30, 2021

Култниот рок-бенд „Ареа“, на големо изненадување на нивните фанови, по подолго време, преку социјалните мрежи ја промовираше песната „Отсекогаш“, со која го најави шестиот студиски албум.

Музиката и аранжманот на новата песна ги направи Ивица Брчиоски, а текстот го напиша Ружица, која е автор и на повеќето песни на бендот.

Новиот сингл е пропратен и со интересна видео приказна снимана на неколку прекрасни локации низ земјава. Во спотот се појавуваат Марија Стојаноска и Илија Трале Левески, а режисер на ова моќно видео е охриѓанецот Даниел Јовески.