Антониа Гиговска со нов хит!

Written by on септември 17, 2021

Најновото музичко остварување на младата пејачка Антониа Гиговска е со наслов „Магнет“, а судејќи по првите коментари и реакции од публиката, несомнено е дека Антониа има уште еден голем хит.

Таа и овојпат соработуваше со хит-мејкерот Лазар Цветкоски, а текстот е дело на познатиот рапер Тајзи.

По се изгледа Антониа не го менува тимот со кој што победува, па така и за оваа нова песна таа сними спот со познатиот режисер Даниел Јовески. Спотот се снимаше во Охрид, а покрај Антониа во него се појавува и моделот Симон Антиќ, кој беше дел и од видеоспотот за претходната песна на Антониа, „Магла“.


[There are no radio stations in the database]