Андријана Јаневска – е дел од светскиот музички проект „Together Is Beautiful“

Written by on декември 6, 2020

Андријана Јаневска е македонскиот претставник во проектот „Заедно е убаво“, светски проект во кој учествуваат музичари од целиот свет.

Таа во петокот, веста ја објави на социјалните мрежи:

„Чест ми е да ви соопштам дека денес, на 4 декември 2020 година, светот ќе биде обединет преку композиција и документарен филм во кои учествуваат музичари од СИТЕ 197 земји во светот. Претставена сум како виолинист од Македонија и пресреќна сум што имав можност да соработувам со врвни музичари од целиот свет, меѓу кои и авторот на композицијата George Fenton. Издавачи се Universal Music и Mercury Studios.“


Current track

Title

Artist