Андреа со „Circles“ ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2022!

Written by on февруари 5, 2022

Вечерва, во емисијата „Стисни плеј“ на МРТ1, беше избран нашиот претставник за Евросонг 2022.

Тоа е младата Андреа Коевска, која во Торино, Италија, ќе нè претставува со песната „Circles“.

Автор на музиката и аранжманот на „Circles“ е Александар Масевски, додека, текстот е пишуван заедно со Андреа.

Инаку, нашата претставничка беше избрана преку онлајн гласање, како и од гласовите на меѓународното стручно жири. За изборот се користеше евровизискиот принцип на гласање (50:50).

Иако Виктор Апостоловски имаше повеќе гласови од гледачите, сепак на крајот имаше изедначен скор со Андреа, при што пресудни беа гласовите на стручното жири, па така Андреа сепак, беше избрана за наша претставничка на Евровизија, која оваа година ќе се одржи под мототo „Звукот на убавината“.

Да потсетиме дека во националниот избор за песна за „Евросонг 2022“ учествуваа и Калина Велковска – Кaly со „LOVE AND LIGHT“, Јон Ајдини – Yon Idy, со „DREAMS”, Лара Иванова со „FLOWER OF SORROW“, Виктор Апостоловски со „SUPERMAN“ и Борис Цветановски – Ris Flower, со „FLYING TO BERLIN”.

Што се однесува до настапот, веќе е познато дека Македонија на 66-то издание на „Евросонг“ ќе настапи во второто полуфинале на 12- мај, а финалето е закажано за 14-ти мај.

Манифестацијата ќе се одржи во арената „Пала Олимпико“ во Торино, откако минатата година првото место го освои италијанскиот рок-бенд „Манескин“.


Current track

Title

Artist