Александра Радовиќ го освојува регионот со новиот хит

Written by on октомври 27, 2022

Една од најпопуларните српски пејачки Александра Радовиќ ја претстави новата песна „Proslo me je“, прва по пауза од речиси една година.

Текстот за музиката го направи Александра Милутиновиќ, а на аранжманот работеа таа и Махир Сарихоџиќ.

„Ова е продолжение на соработката со проверен тим, станува збор за малку помодерен звук. песната зборува за лошите проценки и големите промашувања кои човек може да ги направи во животот, лузните кои остануваат и работите преку кои не може да се помине. Во оваа моја песна нема повратнички моменти“, вели српската дива со единствен глас.

Оваа песна е прва од албумот во најава. Втората се пласира за почетокот на 2022 година.


Current track

Title

Artist