Агни Авшар ја објави првата песна „Сознавам“!

Written by on октомври 12, 2021

Агни Авшар е вистинско освежување на македонската музичка сцена, која уште на самиот почеток со својата вокална интерпретација и перформанс, ветува квалитетна музика за публиката.
Таа на социјалните мрежи ја објави својата прва песна „Сознавам“, на која како автор на музиката и аранжманот се потпишува Никола Мицевски, а текстот е на Бети Јанковиќ и Рената Кралевска.


– „Сознавам“ е песна со автобиографски карактер која преку симболичен артистички израз илустрира животна приказна на млад човек кој попатно застранува, но со решителност и стремеж зачекорува во правец на духовно осознавање. Ова музичко дело, од идеја до реализација, е креативен плод на мојата духовна учителка Бети Јанковиќ. Бескрајно сум благодарна на честа да бидам вокален интерпретатор на оваа композиција и се надевам дека истата ќе ги инспирира слушателите и ќе иницира чувства на ентузијазам, оптимизам и верба во себе – вели прекрасната Агни.

Инаку Агни со својот тим снимија и прекрасен видеоспот на неколку локации во Македонија на кој како режисер се потпишува познатиот Дарио Јанковиќ. Покрај фасцинантните кадри во него и специфичната костимографија, во видеото се појавува и еден од најпознатите светски диџеи – DJ TALAMASCA.


[There are no radio stations in the database]