„YOU“ е песната со која Васил Гарванлиев ќе нѐ претстави на Евровизија

Written by on март 10, 2020

Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на 65. издание на Евровизија во Ротердам, Холандија, што ќе се одржи во мај годинава.

Поточно, Гарванлиев ќе пее на првата полуфинална вечер на 12 мај,  додека големото финале е закажано за 16 мај.

Евровизиската песна е со наслов „YOU“, а беше промовирана на 8 март.

Музиката ја напиша Невена Нешкоска, а текстот е на Невена Нешкоска, Калина Нешкоска и Алис Шредер.

Продукцијата и аранжманот го направија Невена Нешкоска, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.

Спотот е во режија на Милена Витман, монтажата ја направи Ѓорѓи Вацев, а како продуцент се потпишува Јелмаз Дервиши.


[There are no radio stations in the database]