„Willow Dawn“ од „Врба“ доби спот!

Written by on декември 3, 2019

Додека филмот на Милчо Манчевски во Македонија продолжува да ги руши рекордите на гледаност со над 26.000 гледачи за еден месец од кинопремиерата, промовирана е уште една музичка тема од саундтракот за филмот „Врба“, која ја потпишува композиторот Кирил Џајковски.

Музичката тема е со наслов „Willow Dawn“ (Врбина зора) во која, како што вели Џајковски, го претопил „Тешкото“ во еден модерен ритам.

Првиот сингл од саундракот за филмот, кој неодамна беше промовиран е „Ред Сафари“.

 

Наскоро излегува и саундтракот за филмот.

Инаку, „Врба“ имаше светска премиера на 19 октомври на фестивалот во Рим, минатиот месец играше и на фестивалите во Тајпеј, Тајван и Талин, Естонија.

Секаде доби извонредни критики и одгласи кај публиката, а медиумите во Талин го препорачаа меѓу топ 5 филмови што треба да се гледаат на фестивалот.


[There are no radio stations in the database]