Tијана со прекрасна балада и спот

Written by on септември 2, 2019

Македонската пејачка Тијана Дапчевиќ која повеќе од две децении работи во Србија, го промовираше спотот за својата нова песна.

Нумерата “Никад нисам” е работена по мотивите на истоимениот роман на популарната српска тв-водителка Весна Дедиќ, роман кој е популарен кај девојките ширум регионот кои се пронајдоа во љубовната приказна чија хероина се труди иднината наместо минатото да и биде убав дел од животот.

Главниот јунак на романот „Никад нисам“, ликот на фаталниот пилот Константин во спотот кој го режира Ивица Видановиќ, го глуми познатиот телевизиски водител, дизајнер и манекен Бошко Јаковљевиќ.

Инаку, Тијана и Бошко третпат заедно снимаат видео спот во кој Тијана свири виолончело и ја пее песната на главната протагонистка Катарина.

Автор на музиката е Драган Брајовиќ – Браја, а аранжманот е на Дејан Костиќ.


[There are no radio stations in the database]