„Neće nas zauvik bit“- така пее Петар Грашо во новиот сингл!

Written by on октомври 9, 2020

Петар Грашо, eден од најуспешните музичари и автори во регионот, по низата хитови со кои ја освои публиката, неодамна објави нов сингл насловен „Neće nas zauvik bit“.

Познат по своите емотивни текстови и прекрасни мелодии, Грашо ниту овој пат не ги разочара фановите.

Како и многу пати досега, тој вели дека и оваа песна е создадена многу спонтано и во еден здив, заедно со веќе добро позната екипа.

Имено, славниот Далматинец ја отпеа „Neće nas zauvik bit“, за која музиката ја направи Тончи Хуљиќ, текстот е на Вјекослава Хуљиќ и самиот Грашо, а за аранжманот ги обединија силите Тончи Хуљиќ, Шкаро и Грашо.

Инаку, новата песна е всушност насловна нумера на новата хрватска хумористична серија  Дар Мар, а пропратена е и со интересно видео снимено на сетот на истата.


[There are no radio stations in the database]