„Music Man“- нов сингл на Џајковски

Written by on јули 10, 2019

Кирил Џајковски го објави својот нов сингл „Music Man“, на кој повторно соработува со Лајон Д.

Станува збор за песна која е мелодична комбинација од реге и џангл влијанија, промовирана во живо изминатиов период.

Тој воедно го претстави и спотот за овој сингл на неговите официјални интернет страници, а кој во официјална дистрибуција ќе се појави на 12-ти јули во издание на Филтер Лабел.

Инаку, во петок, 12-ти јули, врвниот македонски уметник на електронската музика ќе гостува со ливе настап на Д Фестивал во Дојран, каде што на главната бина ќе ја предводи програмата за отворањето на Фестивалот.

За оваа прилика, покрај неговиот концертен бенд и вокалистот Лајон Д, со Џајковски на сцената ќе настапи и ТК Вондер, како специјална гостинка на ова издание на кое ќе бидат изведени и нови песни од нивната долгогодишна соработка.

фото: фб Џајковски


[There are no radio stations in the database]