“Mali krug velikih ljudi” нов сингл на Масимо Савиќ

Written by on јуни 3, 2020

Масимо Савиќ ја претстави новата песна “Mali krug velikih ljudi”, најавувајќи ново поглавје во неговата кариера.

Автор на споменатата песна е Иван Дјечак, фронтменот на групата „Ватра“, а песната е снимена во продукција на познатото дуо од студиото „Pleasantville“ на Јуре Ферина и Павле Михољевиќ.

„Песната носи доза на оптимизам што ни треба толку многу во овие моменти. Иван ми ја испрати долго пред сите овие несреќи што ни се случуваат, пандемиите, земјотресите … но, како да чувствуваше дека ќе дојде моментот кога особено ќе ја цениме најважната работа, мал круг на големи луѓе, круг на нашите најблиски “, изјави Масимо.


[There are no radio stations in the database]