„Love Me Hate Me“ е новиот сингл на „Ај кју“

Written by on јули 6, 2019

По активната пролет во која Ај Кју имаа настапи во Лондон, Амстердам, Санторини, турнеја низ Австралија и настап на фестивалот “Skopje Unplugged”, на ред е нова музика, велат Марија и Бојан.

Следува новиот сингл “Love Me Hate Me” кој е трети по ред од албумот кој ќе биде издаден кон крајот на 2019.

Синглот е продолжение на нивната претходна песна “Dancin’”, која стана хит на неделата на лондонското радио Riverside Radio.

Датумот на издаавањето на овој сингл се поклопи и со датумот на нивниот 5ти настап во Лондон, 3 јули, ама овој пат во “Tileyard Studios”.

Нивниот престој во Лондон ги доведе до соработки со англиски музичари, со кои веќе работат на следните изданија, а  дали токму “Love Me Hate Me” ќе успее да ги лансира на престижната британска топ-листа, а и да им биде и мост до другата страна на Атлантикот, ќе дознаеме во периодот што следува.

фото: oд фб на Ај Кју


[There are no radio stations in the database]