“Haunted Heart”,саундтрак од „The Adams Family“ во изведба на Кристина Агилера

Written by on септември 30, 2019

По објавувањето на  вториот трејлер за новиот анимиран филм „The Adams Family“, во режија на Грег Тиернан и Конрад Вернор, музичката поп икона Кристина Агилера, деновиве, го издаде новиот сингл “Haunted Heart” , кој всушност е саундтрак за долгоочекуваниот анимиран филм.

Инаку, во целосно новата анимирана верзија гледаме како чудното семејството Адамс функционира со младите генерации.

Гласовите во филмот ги позајмуваат Оскар Ајзак како Гомез, Шарлиз Терон како Мортиша, Фин Вилфхард како Пагсли, Нико Крол како вујко Фестер и Бет Мидлер како Бабата.

Во филмот се појавуваат и нови ликови. Премиерата е закажана за 11 октомври.


[There are no radio stations in the database]