„Gledaj me u oči“- заедничка песна на Фрајле и Миа Димшиќ!

Written by on август 26, 2020

Фрајле и младата хрватска поп sвезда Миа Димшиќ ја претставија првата нивна заедничка песна „Gledaj me u oči“.

Девојките од бендот, но и младата Миа, се издвојуваат на музичката сцена со својата енергија, разиграност и талент и токму тоа ги прави автентични, па затоа и нивната соработка е вистинско освежување за публиката.

Инаку, музиката и текстот ко-авторски го потпишуваат Вјекослав Димтер, Миа Димшиќ и Дамир Башиќ, а за спотот се погрижија Сандра Михаљевиќ и Игор Ивановиќ.

Во меѓувреме, почнувајќи од денес, имаат закажано заеднички концерти: 26 август во Пула, 27 август во Шибеник, 28 август во Риека и 29 август во Дубровник, а песната ќе ја изведат и на годинешното  дванаесетто издание на ЦМЦ фестивалот во Водице, на 5 септември.


[There are no radio stations in the database]