„Fiction“ со нов сингл

Written by on јуни 5, 2019

„Fiction“ е рок-бенд од Скопје составен од: Петар Ѓуревски (вокал), Виктор Захариев (гитара), Филип Андонов (гитара) и Теодор Теодосиевски (тапани).

Песната „Техно“ е третиот сингл на бендот, кој следува по песните „После дождот“ (2017) и „Некој друг“ (2018).

Музиката, текстот и аранжманот се авторско дело на членовите на бендот, а аудиопродукцијата е на Ангел Ќосев, студио „Подрумот“.

Во меѓувреме, актуелниот победник на „Лузер Фест“, рок бендот „Fiction“, го потврди своето гостување и на „Д-Фестивал 2019“.

Фото: фб на „Fiction“


[There are no radio stations in the database]