“Europe Shine a Light”- алтернативно евровизиско шоу!

Written by on мај 17, 2020

Пандемијата на коронавирус промени бројни планови и откажа многу манифестации оваа година, а една од нив е „Евровизија“.

Наместо евровизискиот фестивал во Ротердам, синоќа, 16 мај, кога требаше да се одржи финалето на 65-от Евросонг, се одржа специјално-алтернативно шоу „Eurovision: Europe Shine A Light“, именувано по победничката песна „ Love shine a light“ од 1997 година.

Ова шоу не беше со натпреварувачки карактер како вообичаено, но сепак  имавме можност да ги погледнеме сите учесници кои требаше да бидат дел од Евровизија оваа година, а избраните песни  се емитуваа во 30 секунди исто како и видео разгледниците кои беа снимени.

Нашиот овогодишен претставник Васил Гарванлиев, наместо од големата сцена во Ротердам, која цела година се подготвуваше, поздрав прати од дома.

Покрај  учесниците кои требаа да бидат дел од Евросонг оваа година, ова алтернативно евровизиско шоу не потсети на многу познати евровизиски хитови, некои од нив победници, некои ја немале среќата да бидат први, но песните останале хит.

На самиот почеток беше претставен трикратниот победник Џони Логан,

интересно обраќање имаше и Бјорн Улваеус од „АББА“,

Eurovision: Europe Shine A Light

"Eurovision allows you to escape and to be happy" 💙💛

Posted by Eurovision Song Contest on Сабота, 16 мај 2020

како и Марија Шерифовиќ, која можеби ја имаше најтажната порака. Низ празните улици во Белград ја отпеа победничката „Молитва“, а во дел од претставувањето се појавуваа  здравствените работници и возрасни и деца со маски,…

Синоќа немаше гламурозно отворање, ниту, пак, гласна публика во салата од цела Европа, но фановите на Евросонг, сепак можеа да уживаат во алтернативно музичко шоу, во кое домаќините на самиот крај изразија надеж дека короната ќе заврши и следната година, Ротердам и Европа, повторно ќе сјаат музички, како и шест децении досега…

Во продолжение можете да го погледенете двочасовното алтернативно шоу -„Евросонг 2020“


[There are no radio stations in the database]