“DS Collective” со видео за темата “Свет”

Written by on декември 12, 2019

„Кога зборот станува мелодија, тогаш знакот станува танц” напишаа “DS Collective” на нивниот Фб профил, а тоа всушност e мотото на новиот видео спот  за темата “Свет”, која е во соработка со Alex V.

„Оваа песна ни е многу лична и сакавме да ја пренесеме на што поголем број на луѓе кои се нашле во слична ситуација. Мислејќи што да направиме сфативме дека нашата уметност огромен број на луѓе не можат да ја чујат бидејќи тие не слушаат. Нешто што ние го зимаме здраво за готово, како слухот, некој од нив никогаш и не го искусиле. Затоа се решивме танцот во песната да биде инспириран од знаковниот јазик. За да можат и тие, барем во еден дел, да ја разберат нашата уметност. Решивме и ние да почнеме да го учиме овој јазик кој ни беше мистерија, барем накратко да сме на местото на тие што “слушаат со очите”.

Кореографијата е дело на Јована Зајкова која ја има и главната улога во видеото додека целокупната видео реализација е дело на Бобан Костоваки и The Media (помогнато од Томислав Живковиќ)


[There are no radio stations in the database]