„Downtown Boogie” на Hakuna Matata инспириран од земјотресот во Загреб!

Written by on октомври 26, 2020

Хрватскиот бенд Hakuna Matata, со синглот „Downtown Boogie” го најавува петиот студиски албум, кој би требало да излезе на почетокот на следната година.

Малкумина знаат дека фронтмен на оваа група е  Крешимир Мишак, по познат на јавноста по емисијата “На рубу знаности”.

Инаку, новиот сингл „Downtown Boogie“, е музичка приказна која преку животни слики ја раскажа и го забележа земјотресот во Загреб.

Квартетот во состав: Горан Маркиќ – тапани,  Данко Стефановиќ – бас,  Марко Маркет – електрично пијано, Крешимир Мишак – гитара и вокал, оваа заразна песна, како и целиот албум, го снимија во живо за едно попладне во студиото Шишмиш, а продуцент на песната и целиот материјал е Зоран Швигир – Швиги.

 

Hakuna Matata е рок бенд од Загреб, формиран околу 2000-та година. Со својот препознатлив музички стил и социјално ангажирани текстови, тие привлекуваат многу љубители на добрата музика, а за време на нивната долгогодишна музичка активност имаат соработувано и со реномирани уметници како што се Зоран Предин, Дарко Рундек, Крешимир Блажевиќ, Даворин Боговиќ и други.


[There are no radio stations in the database]