„Dora 2020“- хрватски избор за Евровизија!

Written by on март 5, 2020

На албумот „Dora 2020“, се наоѓаат сите 16 композиции кои беа дел од фестивалот , на кој всушност се избира хрватскиот претставник за Евровизија.

Прва песна на албумот е победничката нумера „Divlji vjetre“ на Damir Kedzo, по што следува Lorena со песната „Drowning“.

Да ја спомнеме и песната „When It Comes To You“ во изведба на Mija Negovetic, која освои ист број на бодови како и победничката песна.

Colonia го претстави новиот хит „Zidina“, а  меѓу фаворитите беа и Indira, Đana i Nikola Marjanović , но и Zdenka Kovačićek, со која всушност заврши фестивалот.

Инаку, автор на текстот и музиката на победничката песна „Divlji vjetre“ е Ante Pecotić, додека за  аранжманот  беа задолжени  Bojan Šalamon Shalla i Matija Rodić.

„Divlji vjetre“ е новиот хрватски хит со кој Damir Kedzo ќе настапи во Ротердам, на Евровизија која годинава се одржува од 12 до 16 мај.


[There are no radio stations in the database]