„Cyrillic“ со нов летен хит – „Break My Heart“

Written by on август 19, 2019

“Break my heart”  е насловот на новиот сингл на македонската атракција “Cyrillic” која од неодамна е ексклузивец на “Скај Ај Ентертејмент”.

Се работи за модерна денс трака со моќни поп вокали во која суптилно е вградено, а истовремено силно изразено влијанието на источно европската сцена.

Песната доаѓа во пакет со лирик видео кое ја визуелизира целата нејзина енергија, но и енергијата која “Cyrillic” ја шират на секој нивен настап.

Инаку, електронското дуо  го сочинуваат браќата Андреј и Бојан Иваноски.

Како диџеи и продуценти се активни од 2014 година кога започнаа со издавање на ремикси за популарни македонски песни со кои го привлекоа вниманието на публиката.

До сега имаат издадено повеќе синглови како и неколку ремиксови за други артисти.


[There are no radio stations in the database]