„Шербет Љубојна“ со предновогодишен концерт на 17 декември во „Борис Трајковски“

Македонската музичка сензација „Љубојна“, заедно со виртуозите Влатко Стефановски на гитара, Исмаил Лумановски на кларинет и Џамбо Агушев на труба, на 17 декември во арената „Борис Трајковски“ ќе одржат предновогодишен концерт, во организација на „Горила продукција“.

На овој концерт „Љубојна“ ќе го промовира седмиот студиски албум „Шербет Љубојна“, а ќе ги изведат и песните од нивните претходнимузички проекти „Музика на дланка“ и „Песна за мојата песна“

Концертите на „Љубојна“ последните неколку години во Скопје станаа традиција на предновогодишно собирање и славење на радоста и музиката на овој музички состав. Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба на 25 ноември, во салоните на „Оне“, „Југотон“ и останатите продажни места на www.mktickets.mk.

Почетокот на концертот е во 21 часот.