„Мразам плејбек“ - почнаа финалните подготовки за Џамбо фест

Под мотото „Мразам плејбек“, македонскиот шоумен Игор Џамбазов преку Фејсбук профилот го најави претстојниот „Џамбо фестивал“.

На 26-ти Декември, како што вели „традиционално“… веќе по прв пат неуморно ќе се бори против кичот, шундот и турбо фолкот. Фестивалот го најавува како празник на урбаната култура во траење од шест часа.

„Последната вистинска забава во оваа мачна и тешка 2015 година. Македонијо, дојди да видиш колку си талентирана“, - напиша Игор.

Имено, на сцената во „Метрополис арена“ ќе се појават околу стотина луѓе кои ќе придонесат за офанзивна музичка борба.