„Златна Бубамара” ја претскажа и Виена

„Ајн, цвај, драј, ѕвони црвен телефон, се јавува ли Москва или Вашингтон?”. Уште во февруари, на последното издание на „Златна Бубамара на популарноста”, токму со овие зборови тимот на Радио Бубамара со своите парапсихолошки моќи и јасновидство го претскажа тоа што не очекува оваа недела, како од писанијата на Нострадамус.

Со зборовите „ein, zwei,drei banditen” заѕвони „црвениот телефон” и ја разигра нашата позната музичка „лидерска четворка” на виенскиот „преговарачки” бал.„Vienna calling” беше бубамарскиот хит од сценариото на овогодинешното издание на “Златна Бубамара” во изведба на Сашко Коцев, Бубо Каров, Атанас Атанасовски и Валентин Костадиновски. На крајот, откако Бубо (во улога на комесарот) беше наполнет со пари од црното куферче, некои од ѕвездите останаа со спуштени панталони.

Распеаниот тим на „Златна Бубамара“ и порано се истакна со „гатање“ и нострадамуско претскажување, покрај одличниот хумор и сатира. Претходно граѓанството беше известено дека следува ГОЛЕМИОТ ПОТОП и поплавите со арката на дедо Ное, ХААРП системот, Субрата Рој , барокните фасади низ главниот град, протести преку социјалните мрежи и многу други настани.

Народе, „их нихт секирен зи ду” и да се потсетиме на музичката разгледница „Vienna calling”, мегамиксот на големите хитови на „Falco” во изведба на нашиот Бубамара All stars тим, предводен од Ранко Бубамара.