„Електрични оргазам“ објавија нова песна и спот

Белградскиот бенд „Електрични оргазам“ го објави новиот сингл и спот под назив „Био сам лош“, непосредно пред славеничката турнеја по повод 35 години од своето постоење.

Песната е прв најавен сингл за новиот албум кој има работен наслов “Где смо сад“ што групата планира да го објави идната година. Режијата на спотот е на Владимир Јакшиќ-Муса кој беше вклучен и во неколку претходни песни.

Во рамките на славеничката турнеја, „Електрични оргазам“ на 14 ноември веќе настапи во Виена, а во периодот од 27 ноември до 18 декември ќе одржи уште неколку концерти низ Србија. Кулминацијата треба да биде достигната на 26 декември со концертот во Младинскиот дом во Белград.