„Дубиоза Колектив“ и Кирил Џајковски на новогодишната прослава во Центар

Бендот „Дубиоза Колектив“ и Кирил Џајковски од 22:30 часот на новогодишната вечер ќе ги забавуваат сите центарци, скопјани и жители на Република Македонија.

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски ја промовираше новогодишната програма под наслов „Град во градот“.

На Сквер Јадран, на 30-ти јануари, во 12:00 часот ќе се организира новогодишна детска програма, а вечерта, од 21:00 часот настапуваат „The Sound Messengers” (Ерик Фокс и Симона Поповска) со шпанска музика, а по нив, Day Off и Суперхикс и на 31-ви, старата 2015-та ќе ја испратиме и ќе ја дочекаме новата 2016-та со „Дубиоза Колектив“ и Кирил Џајковски, заедно со T.K. Wonder.