„Други начин“ по 17 години со нов албум

По 17 години пауза, хрватскиот рок бенд „Други начин“ го издаде својот нов албум под наслов Згубидан.

Од прво слушање може да се забележи дека се работи за нешто што е работено со голема желба и внимателно, а со месеци се работело на најситните детали поради што на изработката на албумот се поминати пет години. Одбрани се 11 песни од кои групата претходно објави две: „Једро за олују“ и „Љубав од порцулана“ за кои се снимени и спотови од младиот хрватски фото и видео мајстор Игор Илиќ. Носечка песна од албумот е песната Згубидан која синоќа официјално ја промовиравме ексклузивно на Радио Бубамара.

"Самата песна Згубидан е посвета на сите оние кои со уметноста ги забавуваат луѓето и со својата професија се присилени на поинаков дневно-ноќен распоред", изјави фронтменот на групата „Други начин“, Бранко Пожгајец.

Инаку, во изработката на новиот албум учествуваше и познатиот југословенски пејач Данијел Поповиќ кој соработувал со Други начин уште во 1975 година.