„Б страна љубави“ - нов албум на Фрајле

Српската поп група Фрајле го објави новиот албум и продолжението на хуманитарната соработка со Здружението „Се за неа“.

Со албумот „Б страна љубави“, во издание на Аквариус рекорд, Фрајле повторно направија чекор напред, донесоа нов звук, песни на шпански и француски јазик и сето тоа низ соработка со Анте Гело, Алка Вуица, Горан Каран и Мањифико. Продуцент на албумот е Воислав Аралица.

Пред промоцијата на албумот, Фрајле објавија неколку песни самостојно и тие наидоа на одличен прием кај нивната публика. Песните од „Б страна љубави“ можете да ги слушате на брановите на Радио Бубамара.