Украина победи на 61. Евровизија

Џамала со песната „1944“ освои најмногу гласови на 61. издание кое годинава се одржа во Стокхолм, Шведска

Џамала од Украина со песната „1944“  победи на вечерашното 61. издание на „Евровизија“ кое годинава се одржа во Стокхолм, Шведска. Украинската претставничка освои вкупно 534 поени. Второто место и припадна на Австралија со 511 поени, додека пак на третата позиција заврши Русија со 491 поен.

Според стручното жири најдобра беше претставничката на Австралија, а веднаш зад неа се пласираше Украина.

Од нашиот регион најдобро се пласира Бугарија на четвртото место со 307 поени.