Таксират со повеќе од 30 бесплатни концерти, за ПИН музичка конференција

Иако оваа година ќе го нема класичниот фестивал „Таксират“, тие решија да ги почестат сите музички фанови во Македонија за својата 20-годишнина, со ќе се одржи ПИН музичка конференција, која ќе биде бесплатна. Ќе се одржи од 30 ноември до 2 декември, со повеќе од 30 музичари и групи.

Првата вечер, во МКЦ ќе можат да се слушнат австралиско-американскиот бенд „Лајрс“ и нашите „Палиндром“.

Втората концертна вечер на ПИН се приклучуваат и повеќе македонски бендови, како „Фолтин“, „Поган Поган“, „Баклава“, „Културно уметнички работници“ и „Контакт 59“.

На 2 декември, третата и последна концертна вечер на ПИН, ќе настапат, “Дебели прецједник“ од Хрватска,  „Стреј дог“ од Белград, „АТ Павиљон“ од Австралија, „Свит рапскалионс“,  „Кепурдат“ и „Киборг“ од Македонија, Марио Батковиќ од Швајцарија.

Сите концерти и настапи на ПИН кои ќе се одржуваат во МКЦ од 30.11 до 2.12 се со бесплатен влез за посетителите.