Сигет 2016 - остров на слободата од 10 до 17 август во Будимпешта

Од 10 до 17 август ќе се одржи 23 издание на еден од најголемите музички и културни фестивали во Европа, Сигет (Sziget ) во Будимпешта, Унгарија.

Од досега потврдените имиња се издвојуваат Rihanna, Sia, Bastille, David Guetta, John Newman, MO, Travis Scott, Jess Glynne, Dilion Francis, Afrojack, Years and years, Nicky Romero, Hardwell, Noel Gallagher и многу други.

За прв пат одржан во 1993 како рок фестивал Сигет прерасна во најпосетуваниот европски фестивал постигнувајќи со 410.000 посетители во 2015 година. Уникатното искуство кое го даде Сигет во поглед на многубројните културни настани и активности му го даде епитетот ,,Европски Вудсток” како и наградите најдобар европски фестивал во 2011 и 2015 година.

Фестивалот нуди седумдневно доживување на островот Обудаи во срцето на Будимпешта со над 200 настапи дневно на повеќе од 60 различни сцени. Веќе две години фестивалот директно пренесува на Интернет каде има гледаност од над 5.000.000 гледачи.