Северина и Горан Каран го објавија спотот за заедничката песна

Северина Коиќ и Гаран Каран го објавија спотот за љубовната балада „Шта је свит“ од мјузиклот „Наша била шторија“.

Песната е, всушност, разговор на главните јунаци на мјузиклот, убавата Ана и младиот фудбалер на Хајдук Дује. Спотот е сниман во Сплит, каде што се родени и Севе и Горан и претставува една од најубавите разгледници на тој град.

„Песната „Шта је свит“ може да влезе во кој било цртан филм на „Дизни“. Убава, едноставна, емотивна, песна „засекогаш“ – рече Северина по завршувањето на снимањето на спотот.