По четири години, Кили во Радио Бубамара

Денес во Радио Буба Мара гостин ни беше актерот, музичар и ексцентрик Кирил Поп-Христов - Кили.

Здравствен и политички дисидент, Кили е во Скопје, и во Буба-Мара, по 4-годишно отсуство. Последниве 4 години, тој со сопругата Гордана Деан Поп-Христова и со ќерката Јоана, живее во Еквадор.

Во денешното гостување, тој зборува за тропските краишта, за латинска Америка, за животот крај океан, за неговиот новонаучен шпански јазик и за тоа какво е Скопје, 4 години подоцна. Слушнете што све кажа Кили за слушателите на Радио Бубамара.

Целата емисија со Кили можете да ја слушнете на овој линк:

https://soundcloud.com/bumbariste/emisija-kiril-pop-hristov-20-12-2017