Почина светската музичка легенда Дејвид Боуви

Светската музичка легенда, дејвид Боуви почина денеска во 69-година, по 18 месечна борба со ракот. Веста ја потврди неговиот син, Данкан Џоунс, по што медиумите во Британија ја лиферуваа во јавноста.

„Дејвид Боуви, почина мирно во кругот на своето семејство, во едно и пол годишната битка со ракот. Иако многумина ќе жалат за загубата, ве замолуваме да ја почитувате семејната приватност“, стои во соопштението на неговиот официјален профил на социјалните мрежи.

Боуви го објави својот последен албум, Блекстар, во петокот на неговиот роденден, а последен пат настапи хуманитарниот концерт во Њујорк во 2006 година. Во архивата на светската музичка сцена ќе останат неговите хитови: Let's dance, China girl, Bring Me the Head of the Disco King, I’m Afraid of Americans, Starman, Ashes to Ashes, The Man Who Sold the World, Under Pressure, Young Americans, Space Oddity, Life on Mars и уште многу други.