Познатите рок бендови ги откажаа концертите поради нападите во Париз

Неколку светски познати групи ги откажаа своите концерти низ Европа поради терористичките напад во Париз што се случија во петокот.

Прва, тоа го направи групата Eagles of Death Metal на чиј концерт беше извршен и еден од нападите. Сите членови на бендот ја преживеаја трагедијата во клубот „Батаклан“ кога терористите влегоа со автоматски пушки и почнаа да пукаат кон публиката. Членовите се сокрија во бекстејџот, а ден подоцна преку ФБ соопштија дека остатокот од турнејата е откажан.

Многу брзо по трагедијата се огласи и ирскиот бенд U2 и пренесе дека, поради вонредната ситуација, нема да се одржи планираниот концерт во Париз, а следен на листата беше бендот Foo Fighters кој исто така го откажа остатокот од европската турнеја.