Погледнете ја зимската бајка на Амел Ќуриќ во новиот спот за синглот „Таа зима“!

Додека спотот за „Неиздржливо“ од ден за ден собира сè повеќе и повеќе прегледи на YouTube, а синглот и понатамусе врти на радио станиците во целиот регион, Амел Ќуриќ направи нов хит! Во само 30 секунди тизер спот којшто беше објавен пред два недели, Ќуриќ најави вистинска зимска бајка во новиот спот за синглот „Таа зима“. Премиерата на спотот се одржа на прес-конференцијата во Сараево.

За разлика од претходниот спот којшто е снимен на море, овој спот е снимен на снежно покриената планина Бјелашница, повторно под будното око на – Харис Дубица

„Го пуштивме тизерот за да ги заинтригира фановите, да не сфатат веднаш за каква песна се работи. Мислам дека песната „Таа зима“ е полн погодок и дека ќе биде голем хит. Кадрите се навистина убави и посебни, затоа што многу значење им давам на спотовите. Морам да признам дека ме нервира кога некој ќе сними прекрасна песна, ќе вложи во снимање, продукција, а спотот ќе го направи просечен. Ги разбирам нашите пејачи, бидејќи не е лесно да се обезбеди буџет, но на светската сцена тоа според мене е неоправдано. Што се однесува на самото снимање на спотот... уф, тоа беше многу тешко. Студенилото го истоштува човекот, а го снимивме и на минус 12 степени, но јас многу добро поминав за разлика од девојката која во спотот е оскудно облечена, со лелеав фустан и со голи раце.“ – истакна Ќуриќ.

Ова е неговиот втор сингл по победата на по неговата победа на „Икс Фактор Адриа“, а воедно и негова втора соработка со Дубица.

„По спотот „Неиздржливо“ се случи и втората соработка со Амел. Мило ми е што Амел повторно ми ја даде довербата да му ја екранизирам песната „Таа зима“. Уште со првото слушање ми се допадна песнатаи долго време го подготвувавме тој спот. Овојпат условите беа потешки бидејќи голем дел од спотот го снимивме надвор на ниска температура. Сакам да соработувам со Амел бидејќи тој е многу отворен за моите луди идеи и секогаш дава 100% од себе за да се оствари секоја идеја. Ана Баврка глуми главна улога во спотот и во оваа прилика би ѝ се заблагодарил за сработеното со оглед на тоа дека и нејзе ѝ беше многу напорно во фустанот да трча низ планината и шумата.“ - рече Хамел Дубица.

Текстот на оваа песна е на Дамир Беќиќ и Бранислав Домазет. Автор на музиката е исто така Дамир Беќиќ. Додека пак за ангажманот се погрижија Душан Алагиќ кои и вообичаено соработува со познатите музичари во овој регион како Северина, Жељко Јоксимовиќ, Саша Ковачевиќ, Сергеј Ќетковиќ и повторно Дамир Беќиќ.