Од денеска во продажба билетите за Златна Бубамара на популарноста

21 издание на омилената манифестација во 21. век во исчекување на подобар живот.

Почитувани љубители на добра забава, чист воздух и ПОДОБАР ЖИВОТ, пред нас е 21. издание на Златна БУБАМАРА, кое е - задолжително.

Бидејќи нема чист воздух и подобар живот, единствено што ни преостанува е - добрата забава!

Ја затворија Универзална, ни го затворија Метрополис – ни остана само уште БОРИС!

Затоа излезете од општествениот притвор и отворете порти за многу подобар живот!

Златна Бубамара ќе се оддржи за прв пат во Вип арената Борис Трајковски на 22 февруари.

Ве очекуваме.

Патни трошоци не ви признаваме, а за се друго Че разговараме. И да знаете - колку и да трае Че си седите!

Дел од билетите ќе бидат пуштени во он-лајн продажба на 24 јануари, точно во 12:3-6-9 часот преку www.mktickets.mk и на други продажни места за кои дополнително ќе ве известиме.