Нова песна од Сара Мејс и Дамјан Пејчиноски

Сара Мејс и Дамјан Пејчиноски снимија нова заедничка песна насловена „Немам пари“.

Новата песна на Сара и Дамјан изобилува со богат аранжман излеан од рацете на Лазар Цветковски, а неизоставна е уникатната изведба на гитара на Пејчиноски.

Музиката на „Немам пари“ е на Сара Мејс и Дамјан Пејчиноски, текстот е на Сара. Позади видео записот, кој е во режија на Горан Костадинов, стои продукцијата на Горила Филмс, со Васко Павлевски како извршен продуцент.

Директор на фотографија е Кристијан Теодоров, камера оператор е Александар Ивановски, за сценографијата се погрижи Влатко Чочоровски, а монтажата е на Јован Кучиновски.