Нина Бадриќ го објави спотот за „Права ствар“ од Чолиќ

Илјада свеќи, напуштен амбиент, стар камин и замаглен простор... Тоа се само неколку елементи од видео сетот за познатата песна на Здравко Чолиќ, „Права ствар“, преработена од хрватската ѕвезда Нина Бадриќ.

Сензибилитетот на песната стигнува од друг агол, од Нина Бадриќ која песната текстуално ја преработи за жените, односно од сопствен аспект. За оваа прилика, таа ја префарба и својата коса, а целата изведба изгледа фантастично.